Новата серија на „Ејч-би-о“, „Идол“, од денеска е достапна на стриминг-платформата „Ејч-би-о“ и првата епизода веќе е дел од понудата, додека новите продолженија ќе бидат достапни секој понеделник.
„Идол“, поставен во заднината на музичката индустрија, се фокусира на еден гуру за самопомош и лидер на современ култ, кој развива комплицирана врска со идниот поп-идол.
Креатори на серијата се: Сем Левинсон („Еуфорија“), Абел Д Викенд Тесфај и Реза Фахим. Во главните улоги настапуваат: Абел Д Викенд Тесфај, Лили-Роуз Деп, Трој Сиван, Ден Леви, Давин Џој Рендолф, Илај Рот, Хари Неф, Џејн Адамс, Џени Руби Џејн, Мајк Дин, Мозес Самни, Рејчел Сенот, Ремзи, Сузана Сан, Хенк Азарија.