Фото: ФФМ

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година денеска во Скопје започна со мини подготовки за двата завршни натпревари во евроквалификациите против соодветните селекции на Ерменија и Украина.

На 2 јуни, на тренинг центарот „Петар Милошески“ ќе им гостува селекцијата на Ерменија, а три дена подоцна „црвено – жолтите“, во последното коло од квалификациската група Х, ќе игра против Украина во Истанбул.

По двата квалификациски натпревари, репрезентацијата на Македонија (У21) на 10 и 12. јуни ќе одигра и два пријателски натпревари против селекцијата на Босна и Херцеговина во Скопје.