Најмалку 10 лица се убиени и уште десет се повредени во денешниот напад врз зграда на одделот за образование во источниот авганистански град Џалалабад.

Ова го соопшти претставник на локалните власти по четиричасовната акција на авганистанските сили во која упаднаа во зградата и ставија крај на теористичката акција.

Во акцијата се убиени двајца напаѓачи.

Непознати лица утрово ја нападнаа зградата во девет часот по локално време, и ги земаа како заложници вработените што биле внатре.

Зградата на Министерството за образование беше цел на напад и на 11 јуни во кој бомбаш активира појас со експлозив на влезот од зградата, а потоа неколку луѓе ја нападнаа. Во тој напад беа повредени најмалку 10 лица.

Во Џалалабад вчера беше извршен уште еден напад во кој загинаа 12 лица.