Илустрација / Фото: Пиксабеј

Земјотрес од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди синоќа регионот Мауле во Чиле, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 100 километри, а бил почувствуван во централните и северните региони на Чиле, вклучувајќи го и главниот град Сантијаго.

Националниот систем за спречување и одговор при катастрофи на Чиле соопшти дека нема извештаи за штети или жртви.