Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска на Твитер објави дека разговарал со премиерот на Израел Нафтали Бенет, кој прави напори за посредување меѓу Киев и Москва.

– Разговарав со Нафтали Бенет. Му се заблагодарив за напорите за посредување на Израел. Разговаравме за начини за ставање крај на војната и насилствата – напиша Зеленски на Твитер.

Зеленски не објави кога се случил разговорот, додека од кабинетот на Бенет засега нема информации, пренесуваат израелските медиуми, наведувајќи дека имало најмалку пет разговори меѓи двајцата лидери од почетокот на воениот конфликт на 24 февруари.

Бенет, го прифати повикот на Зеленски да ги искористи односите со Киев и Москва за да посредува, и замина во Москва минатата сабота, каде имаше средба со претседателот на Русија Владимир Путин. По средбата, Бенет, исто така, оствари разговор и со Зеленски, но тие не вродија со плод.