Со децении Западот ја негува идејата за распаѓање на Русија. Западот нема да дочека распад на Русија, порача рускиот претседател Владимир Путин, одговарајќи на новинарски прашања по завршувањето на самитот на Шангајската организација за соработка.

Тој рече дека Западот се обидел да создаде „антируска енклава во Украина со цел да ја собори Русија“. За да се спречи тоа, беше почната специјална воена операција, додаде Путин.

Рускиот лидер ја прокоментира и контраофанзивата на Киев, велејќи „ќе видиме како ќе заврши“.

Путин смета дека Киев мора да се согласи на преговори за тој да се сретне со украинскиот колега Владимир Зеленски, што ја предложи турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

– Ердоган предлага средба со Зеленски мислејќи дека таа може да има позитивен резултат. Киев не сака преговори, туку сака да ги решава проблемите со воени средства – рече Путин.