Marco Rubio
Фото: ЕПА

Сенаторот Маркo Рубио, кандидат на новоизбраниот претседател Доналд Трамп за американски државен секретар, денеска изјави дека и Москва и Киев ќе мора да направат отстапки за да заврши војната во Украина.

– Тоа ќе биде тешка работа – истакна Рубио на сослушувањето пред Комитетот за надворешни работи на Сенатот.

Тој додаде дека се надева оти може да се постигне прекин на огнот, но „за да се случи тоа, двете страни треба да имаат лостови за влијание“.