Фото: Министерство за одбрана на Руската федерација

Според руските медиуми, вооружен маж се обидел да упадне во руското Министерство за одбрана, кое се наоѓа во строгиот центар на Москва.

Агенциите за спроведување на законот го пријавиле инцидентот во ТАСС наведувајќи дека мажот е фатен.

Инцидентот се случил во близина на главната зграда на Министерството за одбрана. Маж, кој носел пиштол, се обидел да влезе во Министерството гласно викајќи и мавтајќи со оружјето.

– Човекот набргу беше фатен, но не можеше да ги објасни мотивите на својот чин – изјавил изворот за ТАСС.

Во инцидентот нема жртви. Според изворот, пиштолот бил одземен, а мажот бил префрлен на распит во психијатриското одделение.