Фото: Принтскрин/Јутуб - Сандеј тајмс

Вооруженото крило на Хамас денеска (25 ноември) соопшти дека одлучило да го одложи вториот круг на ослободување заложници додека Израел не се обврзе да дозволи камиони со хуманитарна помош да влезат во северниот дел на Појасот Газа, објави Ројтерс.

Од военото крило на Хамас додадоа и дека ослободувањето на заложниците ќе биде одложено доколку Израел не ги почитува договорените услови за ослободување на Палестинците од затвор.

Вкупно 13 жени и деца кои беа заложници на Хамас се предадени на Црвениот Крст, објавија вчера израелските медиуми. Тоа е првата група на израелски заложници кои се ослободени, откако беа киднапирани при нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври.

Ова доаѓа по мировниот договор за четиридневен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас. Предавањето на заложниците се случи во болница во Кан Јунис на југот на Појасот Газа.