Фото: СЗО

Светската здравствена организација објави дека, според податоците на Кинескиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), во Кина не се откриени нови варијанти на ковид-19, јавува „Анадолија“.

ЦДЦ на Кина ги претстави податоците на состанокот на Техничката советодавна група на СЗО за еволуцијата на вирусот. Беше посочено дека за време на состанокот кинеските научници презентирале ДНК податоци од примероци земени од случаи на вирусот САРС-КоВ-2 од локално потекло и случаи кои спаѓаат во категоријата странско потекло.

Според анализите на кинеската делегација, субваријантите BF.7 и BA.5.2 на вирусот омикрон биле доминантни и сочинуваат 97,5 отсто од локалните инфекции а не беа откриени нови видови на коронавирус во Кина.