Сондата со примерок од астероидот Бену вчера слета на Земјата. Научниците на НАСА се надеваат дека материјалот може подобро да објасни како настанал животот на нашата планета. „Би-би-си“ објаснува зошто примероците на Бену се толку важни и зошто ова е голем настан за НАСА.
По поминати милијарди километри во Сончевиот систем, капсулата Озирис-Рекс, која носеше скапоцени примероци од астероидот Бену, слета во пустината во американската сојузна држава Јута. Тимот задолжен за пронаоѓање на капсулата се трка со времето за време на извршувањето на нивната задача со цел да се избегне каква било контаминација, односно да се избегне мешање прашина, нечистотија и микроби со примероците.
Се поставува прашањето зошто целиот овој долгорочен и комплексен проект е толку важен? Првата причина е што Бену е на врвот на листата на опасни астероиди на НАСА. Се наведува дека Бену не е само извор на страв, туку може да открие нешто за нашето потекло. Бену е реликвија од времето на формирањето на Сончевиот систем пред 4,5 милијарди години.
Откога вселенската сонда зела примероци за време на физичкиот контакт со астероидот што траел само пет секунди, научниците веруваат дека биле собрани околу 250 грама камења и прашина. Сето ова ќе биде внимателно проучено од научниците. Ќе бидат потребни неколку недели за да се открие што има внатре во капсулата.