Фото: МИА

Специјалниот пратеник на германската влада за Западен Балкан, Мануел Зарацин, денеска изјави дека е неопходно да се постигне напредок во изнаоѓање решение за имплементација на Охридскиот договор.

Тој пред новинарите во Приштина изјави дека безбедносната ситуација на северот е многу сложена и дека одговорот на такво нешто треба да биде јасен, пренесува „Економија онлајн“.

На прашањето како да продолжи дијалогот, Зарацин рече дека нема никакви информации, но дека двете страни мора да се потрудат.

– Се обидуваме да дадеме сè од себе, на крајот да покажеме дека сме пријатели на Западен Балкан, сакаме да им помогнеме на патот на сите шест земји од Западен Балкан кон Европската Унија, а ова е патување што ќе биде водено од мојот канцелар (Олаф Шолц), кој беше јасен за време на посетата на Приштина пред една година и три месеци, но, се разбира, политичката култура и политичките одлуки не може да се направат од Германија, ние можеме само да ги поддржиме нашите пријатели во преземањето на овие чекори – изјави Зарацин.