Борис Џонсон/Фото: Фејсбук

Британскиот премиер Борис Џонсон и американскиот претседател Џо Бајден денеска се согласија дека постои клучен прозорец за дипломатија и шанса Русија да се повлече и да избегне катастрофа во Украина, соопшти кабинетот на Џонсон по телефонскиот разговор меѓу лидерите.

– Тие се согласија дека останува клучен прозорец за дипломатијата и Русија да се повлече од заканите кон Украина – рече портпаролот на Даунинг стрит во изјавата по разговорот.

Лидерите истакнаа дека секој понатамошен упад во Украина ќе резултира со  долготрајна криза за Русија, со далекусежна штета и за Русија и за светот.