На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како украинските војници користат американски таканаречени „паметни бомби“, што е првата снимена употреба на ова моќно оружје.
Според белоруската новинска агенција „Nexta“, се верува дека снимката е од јануари оваа година – пишува „Index.hr“.
Инаку, на самиот крај на минатата година, САД решија да го испорачаат ова оружје во Украина. Станува збор за JDAM (Joint Direct Attack Munition) кои ги претвораат „немите“ гравитациски бомби во прецизни проектили водени од системот ГПС.
Во зависност од висината и брзината на авионот од кој лета, JDAM има домет до 28 километри.