Фото: ЕПА

Воздухопловните сили на вооружените сили на Украина го погодија руското командно место на аеродромот „Саки“ на Крим, изјави командантот на украинските воздухопловни сили, Микола Олешчук, а пренесе „Танјуг“

Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека противвоздушната одбрана уништила четири украински ракети над Крим.

Воздухопловните сили на Украина објавија дека собориле 21 од 29 руски беспилотни летала чии цели биле во шест региони од југ до запад на земјата.

Министерството за одбрана на Русија пак соопшти дека со системите за противвоздушна одбрана ја уништиле украинската противбродска ракета „Нептун“ над северозападниот дел на Црното Море.