Фото: Пeкселс

Украина ги повикува сите меѓународни партнери да истапат во обновата на регионите, заедниците или градовите.

– Постојано зборував дека победата на нашата армија на бојното поле е 50 отсто од победата на Украина. Останатите 50 отсто ќе дојдат кога Украина ќе стане економски успешна членка на Европската унија, изјави денеска премиерот на Украина Денис Шмихал, обраќајќи се на министрите за развој на земјите од Г7-информира владиниот портал.

Шефот на украинската Влада истакна дека Русија продолжила да и нанесува страшни загуби на Украина само за да го спречи европскиот пат на земјата. Но, со поддршка од партнерите, Украина, рече тој, се надева не само да го обнови уништеното туку и да изгради нова економија и нова држава.

– Европската комисија го проценува планот за закрепнување на 500-600 милијарди евра. Нашата влада веќе започна да развива план од големи размери за обнова и модернизација на нашата држава-рече Шмихал.

При реконструкцијата, како што истакна тој, Украина настојува да ги искористи пристапите кои ќе бидат основа на планот. Тие вклучуваат регионалност, каде партнерските земји и корпорации помагаат во обновата на одреден град или регион, како и развој на специфични параметри за реконструкција и трансформација на секој сектор од економијата.

Министрите за развој на земјите од Г7, од своја страна, истакнаа дека Г7, како клуб на економски најсилните држави, е подготвена да преземе водечка улога во обновата на Украина.