Фото: Министерство за одбрана на Украина

Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников изјави дека Украина е де факто членка на НАТО.

– Украина како земја и вооружените сили на Украина станаа членка на НАТО. Де факто, не де јуре (со закон). Затоа што имаме оружје и знаеме да го користиме – посочи Резников во изјава за „Би-би-си“.

Тој посочува дека тоа е факт и смета дека неговото тврдење нема да биде сфатено како спорно.

Резников додаде дека е сигурен дека Украина ќе добие нови пратки оружје од западните земји, вклучувајќи тенкови и борбени авиони.

– Сигурен сум дека во блиска иднина, де јуре, ќе станеме членки на НАТО – додаде Резников.

Зборувајќи за ситуацијата во Соледар, за која руските сили тврдат дека ја контролираат, Резников рече дека е „многу тешка“, но „под контрола“.