Украина побара итен состанок со Русија и земјите-членки на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ).
Руската Државна дума денеска изгласа нацрт-резолуција за признавање на самопрогласените Доњецка народна република (ДНР) и Луганска народна република (ЛНР). Претседателот на Долниот дом на Парламентот, Вјачеслав Володин изјави дека документот веднаш ќе биде испратен до претседателот на Русија.
Претходно, шефот на полската дипломатија и претседавач со ОБСЕ, Збигњев Рау во Москва изјави дека Организацијата сака да создаде платформа за разговори, со која би се спречиле кризи како таа во Украина.
– Би сакале да создадеме неформална платформа за отворена политичка дискусија меѓу земјите на ОБСЕ, што ќе овозможи дискусија за механизмите за запирање на кризи како сегашната – истакна Рау.