Граѓаните на Турција денеска гласаат на претседателски и парламентарни избори и избираат меѓу тројца претседателски кандидати и 24 политички партии и 151 независен кандидат за пратеници.
Право на глас на изборите имаат 64,11 милиони луѓе, а за првпат ќе гласаат над 4,9 милиони турски граѓани.
Актуелниот претседател Реџеп Таијп Ердоган, Кемал Киличдароглу и Синан Оган, според редоследот на гласачкото ливче, се кандидати за претседател на Турција.
На ливчето е пречкртан кандидатот Мухарем Инџе, кој во четвртокот ја повлече кандидатурата.
Избирачките места ќе бидат отворени од 8 до 17 часот по локално време, во 87 региони. Избирачките места ќе бидат отворени и надвор од Турција, во 75 земји и 156 претставништва на оваа земја. Повеќе од 3,41 милиони граѓани се пријавени за гласање од странство.