Фото: ЕПА

Претседателот на САД Доналд Трамп денеска изјави дека Израел ќе ѝ ја предаде Газа на САД по завршувањето на воените дејствија, нагласувајќи дека таму нема да има потреба од американски војници.

– По завршувањето на војната, Израел ќе ја предаде Газа на САД. Палестинците… веќе ќе бидат преселени на многу побезбедни и поубави места во регионот, со нови и модерни домови“, напиша Трамп на неговата социјална мрежа „Truth Social“ – дополнувајќи ја својата претходна контроверзна изјава за иднината на Газа.

– Нема да има потреба од американски војници – додаде Трамп.

Оваа изјава предизвика реакции кај политичките аналитичари и светските лидери, бидејќи не е јасно на кој начин САД би ја презеле контролата врз Газа и како би се реализирало преселувањето на палестинското население.