Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја обвини потпретседателката Камала Харис за падот на глобалната берза.
Во серија објави на неговата социјална мрежа, тој ги обвини Харис и демократите за падот и рече дека „акционерите ја одбиваат нејзината кандидатура“.
-Гласачите имаат избор – просперитетот на Трамп или падот на Камала и големата депресија во 2024 година – напиша тој.