Руските власти соопштија дека пет тинејџери пронашле бебе во кутија со јајца на оддалечен пат кај селото Сосновка во Сибир на минус 20 степени Целзиусови.
Родителите на една од тинејџерките во групата, веднаш го пренеле девојчето во болница, за кое се плашеле дека е премрзнато и нема да преживее, но лекарот брзо го прегледал нежно го загреал со триење по рацете и нозете, по што било констатирано дека е во добра здравствена состојба.
Полицијата ја бара мајката на детето и отвори истрага за обид за убиство на малолетник – пренесе Би-Би-Си.
Родителите на тинејџерката, Дмитриј и Ана Литвинов, сакаат да го посвојат бебето, но мора да почекаат да видат дали полицијата ќе ги најде нејзините роднини.
Се проценува дека бебето имало само три дена кога било однесено во болница.