Фото: принтскрин

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека војната во Украина ќе трае најмалку до 2025 година.

– Специјалната воена операција ќе трае најмалку до 2025 година. Со доследно спроведување на мерките и плановите за активности до 2025 година ќе ги постигнеме поставените цели – вели Шојгу.

Објавата на Шојгу ја сподели на Твитер, Антон Герашченко, советник на украинското Министерство за внатрешни работи. Во неговиот коментар тој прашува за какви цели станува збор.