Фото: Игор Бансколиев

Амбасадорите на членките на Европската Унија во Брисел разговараат за „натамошното влошување на кризата во Косово“ по конфликтот меѓу косовската полиција и вооружената група Срби во селото Бањска на северот на Косово, во кој загинаа косовски полицаец и четворица напаѓачи, потврдија претставници на ЕУ за новинарите, пренесе МИА.

Портпаролот на Европската комисија Петер Стано претходно најави дека тоа е дел од политичко-дипломатските процедури и контакти „со цел да се утврди што точно се случило и какви активности ќе преземат земјите од ЕУ на овој план“.

Тој рече дека истрагата на косовската полиција, на која ЕУЛЕКС и КФОР и пружаат помош на нејзино барање, се уште е во тек.

– Потребно е да се утврди кој го организирал и кој го извршил овој терористички напад, а одговорните потоа треба да бидат изведени пред лицето на правдата – рече Стано.

Портпаролот на високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, рече дека „ЕУЛЕКС, во согласност со својот мандат, прави се што може за да обезбеди поддршка на косовската полиција доколку тоа го побара“.

Според Стано, шефот на мисијата ЕУЛЕКС на Косово, генерал-мајор на италијанските карабинери Џовани Пјетро Барбано е во постојан контакт со Борел и го информира за сите информации.

Стано додаде дека ЕУ е во постојан контакт со учесниците на дијалогот Белград-Приштина и уште еднаш нагласи дека „кога станува збор за, како што рече, „терористички напади“, „најважно е да се спроведе целосна истрага и да се утврди кој е одговорен“.