Словачкиот премиер Роберт Фицо е повреден во пукање по седница на Владата, јави новинската агенција ТАСР.
Агенцијата го цитираше потпретседателот на Парламентот, Лубос Блаха, дека Фицо бил застрелан и повреден.
Словачката претседателка Зузана Чапутова го осуди „бруталниот“ напад врз Фицо и му посака добро закрепнување.
Словачката телевизија ТА3 објави дека биле испукани четири куршуми, а Фицо бил погоден во стомакот.
Бил застрелан додека се движел меѓу толпа луѓе во градот Хандлова откако претходно бил одржан состанок на владата во Братислава, објавија локалните медиуми.
Инцидентот се случил пред Дом на културата во Хандлова каде премиерот имал средба со симпатизерите.
Фицо е пренесен во болница, објави новинската агенција ТАСР повикувајќи се на информација од потпретседателот на парламентот Лубос Блаха.
Новинарите кои биле на местото на настанот велат дека се слушнале неколку истрели од пиштол пред да настане метеж околу премиерот.
Тие додаваат дека безбедносните службеници брзо втурнале лице во автомобил и заминале.
Се смета дека лицето е осомничениот напаѓач иако засега нема потврда од полицијата.
Претседателката на Словачка, Зузана Чапутова, го осуди пукањето како „брутален и безмилосен напад“ над премиерот Фицо.
„Шокирана сум“, напиша таа на мрежата Икс и му посака брзо закрепнување.
Slovakia‘s PM Fico taken to hospital after being shot https://t.co/TYm0t15zQb pic.twitter.com/8FfOTK3G2N
— Russian Market (@runews) May 15, 2024
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го осуди „гнасното“ пукање на словачкиот премиер Роберт Фицо во средата.
„Силно го осудувам гнасниот напад врз премиерот Роберт Фико“, напиша фон дер Лајен на X.
„Ваквите акти на насилство немаат место во нашето општество и ја поткопуваат демократијата, нашето најскапоцено општо добро“, додаде таа.
„Моите мисли се со премиерот Фицо и неговото семејство“, порача Фон дер Лајен.
Шефот на ЕУ, Шарл Мишел реагираше дека ништо не може да го оправда насилството и ваквите напади.
Фицо во октомври 2023 по четврти пат беше именувам за премиер за Словачка откако во предизборната кампања ветуваше дека ќе ја прекине воената поддршка за Украина и ги критикуваше санкциите кон Русија.