Фото: Пекселс / Илустрација

Ситуацијата околу Бахмут останува сложена, но украинските сили ги спречуваат руските обиди да го заземат градот, изјави денеска командантот на украинските копнени сили, генерал-полковник Олександр Сирски.

– Ситуацијата околу Бахмут останува сложена – напиша Сирски на апликацијата Телеграм на украинскиот медиумски воен центар.

– Сите обиди да се заземе градот се одбиени со артилериски оган, тенкови и друга огнена моќ – додаде тој.

Борците на приватната руска воена компанија „Вагнер“ „напаѓаат од различни страни, се обидуваат да ја пробијат нашата одбрана и да напредуваат кон централните области на градот – додаде Сирски.