Фото: Принтскрин/Би-би-си

Европската Унија мора да се подготви за нагло зголемување на синтетичката дрога фентанил, изјави европската комесарка за внатрешни работи Илва Јохансон за „Политико“.

Ова е реакција на предупредувањето на американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека Европа или се уште не открила проблем со синтетичките дроги или наскоро ќе открие.

Фентанил е синтетичка дрога која се проценува дека е 50 пати посилна од хероинот и е причина за смртта на десетици илјади Американци кои умираат од предозирање секоја година.

На настан на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации за заканите по здравјето и безбедноста од синтетичките дроги, американскиот претседател Џо Бајден ги повика сојузниците сериозно да ги сфатат заканите од фентанил, рече Јохансон.

– Тоа е проблем што го имате, само што сè уште не го знаете тоа или е проблем што ќе го имате наскоро – ѝ рекол Блинкен на Јохансон во разговор за синтетичките дроги.