Фото: Принтскрин/Јутуб

Полицијата во Словачка го идентификуваше 71-годишниот Ј.Ц. од Левица, кој со пиштол, што законски го поседувал, денеска го застрела словачкиот премиер Роберт Фицо.

Здравствена состојба на Фицо, кој првично со автомобил беше пренесен во болница, а потоа со хеликоптер префрлен во Бањска Бистрица, е критична.

Напаѓачот веднаш по нападот бил приведен од полицијата.

Словачките медиуми јавуваат дека тој извикал „Робо, дојди овде!“ пред да го застрела Фицо, кој им пријде на граѓаните по владината седница во градот Хандлова, на 150 километри од Братислава.

Лидерот на словачката левица беше назначен за премиер на Словачка по четврти пат на крајот на октомври 2023 година, откако во предизборната кампања вети дека ќе ја прекине воената поддршка за Украина и го критикуваше воведувањето санкции против Русија.