Голем шумски пожар во близина на Палермо се шири и го загрозува главниот град на Сицилија, а училиштата во околните населби се затворени, јавија денеска италијанските медиуми.
Жителите на предградието Бранкачо поминаа непроспиена ноќ на покривите на своите куќи, како што тоа го правеа во јули кога областа исто така беше зафатена од шумски пожари, пренесоа медиумите.
Училиштата во Гратери се затворени, а локалниот градоначалник Џузепе Муфолето ги повика жителите да преземат мерки на претпазливост во случај пожарот да се прошири.