Фото: пиксабеј

Руската ПВО и флота во Црното Море беа ангажирани во одбивањето напад на украински беспилотни летала над кримското пристаниште Севастопол утрово, изјави официјален ретставник назначен од Москва.

Нападите се регистрирани над пристаништето Севастопол и градските области Балаклава и Херсон, објави на Телеграм, Михаил Развозаев, гувернер на Севастопол назначен од Москва.

Засега нема детали за размерите на нападот или каква било штета од нападот на полуостровот Крим, што Русија го анектираше од Украина во 2014 година.