Илустрација/Фото: Пиксабеј

Руските воздушни сили добија нови ловци Су-34, а до крајот на годината ќе добијат уште една серија авиони, соопшти прес-службата на руската влада, цитирајќи ја изјавата на генералниот директор на Обединетата корпорација за производство на авиони (ОАК) Јуриј Сљусар.

– Произведовме и испорачавме авиони Су-34 на Министерството за одбрана на Русија. Тие се многу сигурни ловци. До крајот на годината, вооружените сили на Русија ќе добијат уште една серија авиони кои сега се во производство – рече тој.

То, исто така изјави дека ОАК продолжува да ги исполнува сите барања за да ја достави потребната воздухопловна опрема на вооружените сили на Русија.

– Без оглед на притисокот на Западот врз руската индустрија, главните задачи на одбранбено-индустрискиот комплекс, како што се проширување на производството, забрзување на темпото на работа и зголемување на обемот на производство, се реализираат – додаде Сљусар.

-Компанијата ОАК, која е дел од Ростех, ги исполнува сите барања за авиони пред договорениот рок, а вооружените сили на Русија ќе добијат нова високоефикасна авијациска опрема- изјави во меѓувреме рускиот министер за трговија Денис Мантуров.