Фото: Твитер/Ентони Блинкен
Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, изјави денеска дека Русија не покажала оти вистински е заинтересирана за окончување на војната во Украина.
Изјавата на Блинкен доаѓа откако претходно рускиот претседател Владимир Путин рече дека сака побрзо завршување на конфликтот“.
„Во основа во моментов Русија не покажала интерес за дипломатија“ за да се стави крај на војната, рече Блинкен на прес-конференција.