Русија подготвува декрет за реципрочни визни мерки со кои ќе се ограничи влезот на граѓаните на „непријателските земји“, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
– Во моментов се подготвува нацрт-претседателски декрет за визни возвратни мерки во врска со непријателски дејствија на голем број странски земји – рече Лавров.
Лавров потенцираше дека актот ќе воведе низа ограничувања за влез на територијата на Русија. Лавров оцени дека САД и нивните сојузници „очигледно“ објавиле тотална хибридна војна против Русија.