Фото: Пиксабеј

Заменик-шефот на руската дипломатија Александар Грушко денеска изјави дека нема закана од директен конфликт меѓу Русија и НАТО, но дека постојат ризици.

Грушко за телевизија „Русија-24“ изјави дека Русија смета на здравиот разум на НАТО за да избегне конфликт.

– Се разбира, постојат ризици од конфликт. Нема гаранции дека некои инциденти нема да се случат – рече Грушко, додавајќи дека Русија е загрижена за испораката на оружје на Алијансата за Украина, и дека „сето тоа е многу опасно“.