Дмитриј Песков/Фото: Кремљ

Острите финансиски санкции наметнати од САД, Европската унија и западните сојузници и нанесоа „сериозен удар“ на руската економија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Руската економија сега се соочува со сериозен притисок и сериозен удар – нагласи Песков, јави ДПА.

Но, сепак, тој додаде дека „има маргина на безбедност, има потенцијал и има планови“.

– Во тек е неуморна работа. Ќе застанеме на нозе. Русија се уште има резерви да го амортизира ударот врз економијата – рече Песков.

Тој истакна дека Русија ќе одговори на санкциите на Западот со „трезна глава“ и „без да си пука во нога“.