Фото: Маја Јаневска-Илиева

Русија воведе привремени ограничувања на извозот на бензин и дизел со цел да го стабилизира домашниот пазар, соопшти во четвртокот Владата на оваа земја, пренесува „Ројтерс“, додавајќи дека не е објавено како ќе функционираат ограничувањата.

Од Министерството за енергетика наведуваат дека со рестрикциите треба да се спречи нелегалниот „сив“ извоз на моторно гориво.

Русија се соочи со недостиг на бензин и дизел во последниве месеци, додека цените на горивата на големо забележаа голем скок поради растот на глобалните цени на нафтата и слабеењето на рубљата.

Русија има долгорочна политика на ограничување на продажните цени на нафтата, обидувајќи се да ги задржи на ниво на официјална инфлација.

Привремените рестрикции ќе придонесат за задоволување на пазарот на горива, што пак ќе ги намали цените за потрошувачите – се вели во соопштението на Владата.