Фото: принтскрин

Руската државна новинска агенција „ТАСС“ објави дека Руската Федерација покренува обвинение против, како што вели, 160 платеници од 33 земји кои дејствуваат во име на украинските сили.

– Во заедничката истрага на Министерството за одбрана на Руската Федерација и другите оперативни служби, собравме докази за учество на платеници од Грузија, САД, Латвија, Шведска и други земји. Во моментов се води постапка против 160 странци од 33 земји –  објави Истражниот комитет на Руската Федерација.