Русија ги покани сите палестински фракции да се состанат во Москва на 26 февруари, изјави палестинскиот премиер Мохамед Стаје.
Тој потврди дека палестинската управа е подготвена да се сретне со претставници на Хамас.
– Русија ги покани сите палестински фракции на состанок на 26 февруари во Москва. Ќе видиме дали Хамас е подготвен да се сретне со нас – рече Стаје на Минхенската безбедносна конференција, пренесе „Ројтерс“.
– Ни треба палестинско единство – рече тој и додаде дека Хамас ќе мора да исполни одредени предуслови за да биде дел од тој обединет палестински фронт.