Управниот одбор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) изгласа резолуција со која се бара Русија да се повлече од украинската нуклеарна централа Запорожје (ЗНПП).
Тоа е четврта резолуција на Комитетот со која се осудуваат руските дејствија во нуклеарните постројки на Украина.
„Резолуцијата беше усвоена со мнозинство гласови“, објави мисијата на Украина во Меѓународната агенција за атомска енергија на платформата Икс (Твитер).
Во текстот се наведува дека одборот бара „итно повлекување на сиот воен и друг неовластен персонал од украинската ЗНПП и објектот веднаш да биде вратен под целосна контрола на релевантните украински власти“.
Одборот, исто така, „ја повторува својата сериозна загриженост што Руската Федерација не ги послушала претходните повици… да го повлече својот воен и друг персонал од ЗНПП“, се вели во соопштението.
Сите шест реактори во нуклеарната централа се исклучени, но сè уште ѝ треба постојано напојување за да го одржува ладно горивото во тие реактори и да спречи потенцијално катастрофално топење.
МААЕ, која има мал број свои вработени во Запорожје, вели дека безбедноста таму останува несигурна.
Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за гранатирање во близина на нуклеарната централа.