Фото: принтскрин

Конвој од 5000 побунети „Вагнеровци“ предводени од високиот командант на „Вагнер“, Дмитриј Уткин, е на пат и се приближуваат до предградијата на Москва, изјавил за „Ројтерс“ извор близок до раководството во делот на Доњецк, кој е под контрола на Русија.

Изворот, кој според „Ројтерс“ се покажал како сигурен, рекол дека Пригожин имал на располагање помалку од 25.000 луѓе, од кои околу пет илјади биле во Ростов на Дон, за кој што шефот на „Вагнер“ тврди дека ја има преземено контролата.

Изворот додаде дека планот на групата „Вагнер“ за Москва е да заземе позиции „во густо населена област“.