Вкупно 3.000 кибер-напади врз украински цели се регистрирани од средината на февруари, според Виктор Жора, заменик-претседател на агенцијата за кибер-безбедност SSSCIP во таа држава.

Многу од нападите, речиси сигурно од Русија, имаа за цел да ги исфрлат давателите на интернет-услуги и другите комуникации, како и владините и финансиските служби паралелно со воениот конфликт со Москва, додаде Жора.

Рекордниот број беше „275 во еден ден“ на 15 февруари пред почетокот на војната, изјави тој.

Повеќето беа напади со цел да се спречи функционирањето на услугата.

– Нападот врз Виасат, компанија за сателитски комуникации, на крајот на февруари, што ја прекина услугата во Украина и на други места, е под истрага од Украина – рече Жора, како и, наводно, од американската Агенција за национална безбедност.