Од минута во минута на социјалните мрежи се појавуваат снимки разурнати згради, затрупани луѓе по од синоќешниот нов силен земјотрес што ги погоди Турција и Сирија.
Се трага по преживеани по синоќешниот силен земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала. Според податоците по новиот потрес загинале 11 луѓе, а над 300 се повредени.
Од страв да не бидат затрупани под урнатините, луѓето бегале и скокале од прозорци, некои имале и срцев удар. Земјотресот предизвика паника кај жителите кои веќе преживеаа хорор по првиот земјотрес.