Фото: Пиксабеј

Рускиот претседател Владимир Путин ѝ се обрати на нацијата на државната телевизија и истакна дека руското општество се консолидирало за време на бунтот, пренесе „Ројтерс“.

Путин рече дека „организаторите на овој бунт не можат, а да не сфатат дека ќе бидат изведени пред лицето на правдата, дека ова е криминална активност насочена кон ослабување на земјата“.

Сепак, рускиот претседател посочува дека повеќето борци во компанијата „Вагнер“ се патриоти на Русија – пренесува „Би-би-си“.

– Со враќањето назад избегнаа понатамошно крвопролевање – додава Путин.

Во острата изјава, Путин рече дека „секаков вид на уцена е осудена на неуспех“ и дека Западот сака руските војници да се убиваат меѓусебно.

Тој се заблагодари на руската јавност за „поддршката, патриотизмот и солидарноста“ и на белорускиот претседател Александар Лукашенко за мирното решение.

– Практично целото руско општество беше обединето со неговата одговорност да ја брани својата татковина“, рече Путин – а пренесе „Скај њуз“.

Тој, исто така, им се заблагодари на претставниците на Вагнер кои „донеле правилна одлука да запрат и да се вратат за да спречат крвопролевање“.