Влезот на Украина во НАТО ќе ја загрози безбедноста на Русија, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
– И за волја на вистината, една од причините за специјалната воена операција е заканата за влез на Украина во НАТО – додаде Путин.
Според него, членството во Северноатлантската алијанса нема да ја зајакне безбедноста на Украина и ќе го направи светот многу „поранлив“.