Фото: Кремљ

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека се надева на „мирно решение“ на конфликтот во Нагорно-Карабах.

-Ние сме во многу близок контакт со страните во конфликтот. Се надеваме дека можеме да постигнеме деескалација и мирно решение на проблемот – рече Путин, пренесен од руската државна телевизија.

Меѓутоа, засега е нејасно дали Путин ја дал изјавата пред или по најавениот договор за прекин на огнот.

За денеска во Нагорно-Карабах беше најавен прекин на огнот, бидејќи ерменските сепаратисти се согласија да го положат оружјето и да преговараат за реинтеграција на оваа територија во Азербејџан.