Фото: Фејсбук профил на Кралското семејство

Кралицата Елизабета Втора почина на 96-годишна возраст, што значи дека принцот Чарлс официјално е крал Чарлс.

И покрај фактот дека крунисувањето на кралот Чарлс нема да се случи во следните неколку месеци, тој стана крал во моментот кога почина кралицата Елизабета, пренесува МИА.

Кралскиот коментатор Кларенс Хаус потврди дека Чарлс ќе биде познат по кралското име крал Чарлс Трети.

Постоеше можност новиот крал да употреби едно од неговите други имиња, како што правеа некои монарси претходно.

Неговото полно име е Чарлс Филип Артур Џорџ, па можел да се одлучи да користи кое било од овие имиња како негово кралско име.

-Смртта на мојата сакана мајка, нејзиното височество Кралицата, е момент на најголема тага за мене и за сите членови на моето семејство – се наведува во соопштението од кралското семејство во име на Чарлс, новиот крал на Обединетото Кралство.

„Длабоко жалиме за смртта на  омилениот суверен и многу сакана мајка. Знам дека оваа загуба длабоко ќе се почувствува низ целата земја, кралството и Комонвелтот и кај безброј луѓе ширум светот. Во овој период на жалост и промени, моето семејство и јас ќе најдеме утеха во тоа што знаеме колку длабока беше почитта и наклонетоста за кралицата“, се наведува во соопштението од кралот Чарлс Трети.

Чарлс помина седум децении како прв во редот за тронот – најдолготрајниот наследник во британската историја.

Сега, тој конечно стана крал по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора.

– Целиот негов живот го подготвуваше за оваа улога – изјави кралскиот коментатор Кристофер Ворвик за Скај Њуз.

– Она што треба да го избегнува, што кралицата го правеше прекрасно, е контроверзност. Тој не може да се гледа како шеф на држава кој се меша во политиката – тоа е патот до катастрофата – оценува кралскиот коментатор.

Чарлс е роден во Бакингемската палата на 14 ноември 1948 година, за време на владеењето на неговиот дедо Џорџ VI.

Непосредно пред полноќ на оградите на палатата беше објавена веста дека принцезата Елизабета родила син по име Чарлс Филип Артур Џорџ.

Неговиот татко, војводата од Единбург, не бил присутен на породувањето, а наводно се одлучил наместо тоа да игра сквош со пријател.

Чарлс ја прекрши кралската традиција кога веднаш отиде на универзитет по неговото А-ниво, наместо да се приклучи на вооружените сили.

Студирал археологија и антропологија во првата година на Кембриџ, пред да се префрли на историја до крајот на своето дипломирање.

Во 1969 година, Чарлс формално ја доби титулата најтесно поврзана со него, Принцот од Велс, откако помина еден мандат на универзитетот во Абериствит каде научи да зборува велшки.

Тој стана првиот престолонаследник со универзитетска диплома кога му беше доделена 2:2 од Кембриџ во 1970 година.