Фото: Евгениј Пригожин/твитер

Шефот на руската паравоена група „Вагнер“ Евгениј Пригожин изјави дека неговите борци ја презеле контролата врз штабот на Јужниот воен округ на Русија во Ростов на Дон без да испукаат куршуми.

Од друга страна, според неговите зборови, врз неговите луѓе било пукано од артилерија и хеликоптери на пат кон Ростов, пренесува „Ројтерс“.

Пригожин во аудио пораката изјавил дека мисли дека има поддршка од рускиот народ за, како што го нарече „маршот на правдата“.

РИА Новости објави слика од членовите на „Вагнер“ на покривот на штабот на Јужниот воен округ на Русија во Ростов на Дон.

Вчера, Федералната служба за безбедност на Русија покрена постапка, за наводен бунт, против шефот на приватната воена компанија „Вагнер“ Евгениј Пригожин, кој ги покани рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот, генерал Валериј Герасимов да дојдат во Ростов Дон на средба со него, и се закани дека, во спротивно, тие ќе „одат во Москва“.