Фото: Пекселс

Органите за спроведување на законот го приведоа Всеволод Књазев, претседателот на Врховниот суд на Украина, поради сомнеж за поткуп од 2,7 милиони долари.

Украинското национално биро за борба против корупција објави дека заедно со Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата откриле корупција од големи размери во Врховниот суд.

-НАБО и САП открија голема корупција во Врховниот суд, имено – шема за добивање незаконски придобивки од раководството и судиите на Врховниот суд. Во моментов се спроведуваат итни истражни дејствија. Детали подоцна – се вели во соопштението објавено на нивната официјална страница на Фејсбук.

Изворот потврди за украински медиуми дека претседателот на Врховниот суд на Украина, Всеволод Књазев, бил приведен заради земање мито во висина од 2,7 милиони долари.

Књазев ја презема функцијата на 1 декември 2021 година.

Апсењето беше објавено вчера, на денот кога украинскиот претседател Володимир Зеленски се врати во земјата по тридневната турнеја низ Европа. Зеленски најави дека добил ветувања за поголема помош од сојузниците и увери дека поддршката за влез на Украина во ЕУ е зголемена.