Фото: принтскрин/твитер/Вооруени сили на Филипини

Филипините обвинија брод на кинеската крајбрежна стража дека утринава се судрил со филипински брод за снабдување во близина на мал гарнизон во спорното Јужно Кинеско Море.

– Поради опасните маневри со блокада, бродот 5203 на кинеската крајбрежна стража се судри со брод за снабдување кој е под договор со вооружените сили на Филипините“ во Спратлис, на околу 25 километри од атолот Second Thomas Shoal, каде што се наоѓа филипинската морнарица – соопшти владина работна група.

Во друг инцидент, брод на филипинската крајбрежна стража што ја придружуваше мисија за снабдување беше „удрен“ од „брод на кинеската поморска полиција“, како што го опишаа оперативците.

– Националната работна група на Западното Филипинско Море силно ги осудува најновите опасни, неодговорни и незаконски дејствија утринава на ГЦЦ (кинеската крајбрежна стража) и кинеската поморска полиција – се вели во соопштението.

Јужното Кинеско Море Филипинците го нарекуваат Западно Филипинско Море.