Големиот број жртви и мртвите тела на улиците во опколениот украински град Мариупол доведоа до масовни погребувања, тврди заменик градоначалникот Сергеј Орлов.
Најмалку 1.170 лица се убиени во Мариупол откако е започнат воениот конфликт, рече Орлов, додавајќи дека „47 се закопани во масовна гробница“.
Украина претходно соопшти дека во вчерашниот воздушен напад погодени се детска болница и породилиште во градот, при што се повредени 17 луѓе.
Орлов дополни дека уништена е градската инфраструктура за греење, електрична енергија, вода и комуникациите, а локалното население го топи снегот за да има вода за пиење.